Џалал Ел Хакмауи – ЏУБОКС

Моите лонгплејки во џубоксот
Жалат што не сум ги допрел со моите усни
Колената на дебелата црнка
Со продорен поглед
Која, без некои софистицирани оружја,
Спречува крадец во бар
И нежно го каса неговиот подуен врат
За тој да се насмее,
Оти полицијата пристигнува доцна ко и обично.
 
Кога си во Џубоксот
Кокетната црнка
Изгледа ко зимата од тоа што останало од позлатено олово.
 
Не сакам да се навикнам
На Џубоксот
Како што лош критичар би се навикнал
На женска уста заразена од сида.


Превод: Никола Ѓелинчески

mk_MKMK