Џалал Ел Хакмауи – МОНА ЛИЗА ВО БАРОТ БУМ БУМ РАЗМИСЛУВА ЗА ИЗУМРЕНИ СУШТЕСТВА

Од пазарот за половни плочи,
Си купувам една невротична келнерка
Со метални усни меѓу нозете.
Сакам да ѝ ставам внатре дел од моите кошмари
И да избегам од телесноста на перницата
Која везден ме задржува во детективски роман.
Во воздушната комора завесите го изоструваат
Јадот на љубовницата
Кој зграда урива во само еден миг
И ме кани на долга вечерна сесија на забава
Во аквариумот на животот.
И оти не ми се допаѓа брачниот живот
Нити пижамите кои, по секоја кавга,
Ги слушаат песните на Ум Култум*,
Ја легнувам малата келнерка на стомак
И го заземам духот на слеп механичар кој пее:
Бум, Бум, Бум.
Ја расклопувам на милион делчиња кои не значи
дека припаѓаат на некое сексуално лоби.
Работам небаре мотор на некој дрогираш
Во безобразен филм
Сардисан од чисти кукли.
Набрзина ја склопувам
И ја ставам во кутијата за клучеви со крцкало
(под мојата сина работничка облека).
Таа војнички го отпоздравува
Еден албум на чија обвивка можеме да ги видиме                                               Белите очила на
Црнец кој пее: Бум, Бум, Бум…
И авион кој полетува за десет минути.
 
Превод: Никола Ѓелинчески

mk_MKMK