Дојдов на оваа мрачна земја
Со носот на Ал Пачино
(вистинскиот Ал Пачино гледа нагоре)
за да ги видам децава кои танцуваат на ритмите на бендирите на апокалипсата
и ги кинат нивните алишта за да излезат надвор
новороденчиња силни и груби
и удираат со ракавите по стомакот на ориенталната порака
навалуваат на филмските постери…
ги кинат на парчиња
и бесат наместо нив фотографија на човек кој се вика гробно мачење
(гушнат со Буш Помладиот)
Дојдов на оваа мрачна земја
Со носот на Ал Пачино
За да ја возам колата на Никол Кидман
ко возач од Формула 1
Да ги смачкам џуџињата кои се молат на црното семе
Да ја гледам телевизијата на сиромасите
Да жртвувам виртуелна овца
во чест на новиот Човек
(Новиот Човек гледа надолу)
Превод: Никола Ѓелинчески