Данаја Сиозиу – КОРЕН

Често лебдее една куќа во воздухот
како вежба за олабавување.
„Придржи ми ја главата“, ме моли,
„треба да ја придржиш и да ја притиснеш“
Ја уверувам дека нема никаков проблем
со нејзината глава.
Всушност ја замислувам отворена,
за да ја истражувам со прстот,
со микроскоп како око.
Замислуваме една куќа во воздухот.
Сега се наоѓаме на дното
таму нешто гори.

Превод од грчки јазик Паскал Гилевски