Данаја Сиозиу – ПЕСНАТА НА МАЈКА МИ

Мама знае да ги разликува
лисјата на нането
од лисјата на магдоносот
таа е убава, мојата мајка,
како заспаната Убавица од Аграфа
на сѐ уште ненапишаната бајка
таа е горка како орев
бодликава како костен
и хранителна е
како ѕвезда на зората
ја урива куќата
потоа одново ја гради
зашто таа е Великиот Уредувач
на местото од срцето
има еден разладувач
чиј мев никогаш не кркори.

Превод од грчки јазик Паскал Гилевски