Meѓународното поетско читање во Скопје во рамки на Програмата на Струшките вечери на поезијата што беше предвидено да се одржи денес, 29.08.20202 со почеток во 20:30 часот, наместо во Музејот на современа уметност ќе се одржи во Даут пашиниот амам. Промената на локацијата е заради неповолната метеоролошка прогноза но и заради можноста учесниците од странство да ја видат ретроспективаната изложба на великанот на македонкското модерно сликарство, Димитар Кондовски.
Меѓународното поетско читање е можност за скопската публика да се запознае со творештвото на дел од странските поети учесници што беа дел од 61. издание на Струшките вечери на поезијата. На меѓународното поетско читање во Скопје ќе настапат 18 поети од странство.
На Струшките вечери на поезијата настапија 24 поети од странство и 34 македонски поети од постарата, но и од помладата генерација.