Дину Фламанд – ПРАЗНАТА КОФА

куќите се излеваат на стрмнината на планината оставајќи го зад себе
сребреното чудовиште на вечерта
со бескрајна ортома
болката продолжува да ја вади од бунарот празната кофа
свежиот ветер е млекото кое се излева врз огнот преку камењата
грнчарот излегува на полето на својата вертикална глина
за да ја бара поминатата иднина на формите
истиот оган кој го зацврсти садот подоцна ќе ја донесе
и пепелта на коските
дремливи посеви со коноп го прекриваа Ердељ
светлина шушкаше по нивните влакнести лисја
беа првите денови на пеколот
луѓето исчезнуваа од дома
плуговите ’рѓосуваа
недовршени бразди се извишуваа кон небото
во нив о
мразата си го беше фрлила семето
наесен пристигаа луѓе по селата во кожена облека
со пиштоли на појасот
ги нарекуваа црвени волци – ги собираа и јајцата под квачките
крај прозорците жените ја оплакуваа Божјата тишина
животот кратко дишеше
децата имаа мрсули до појас
понекогаш дедо ми ќе погледнеше нагоре и задишено
го пцуеше Сталин
луѓето го сметаа за луд
ок
олу него празнина стануваше во крчмата
кога одеше да пие ракија
денес е празникот на мртвите
би сакал да му посветам песна
но тоа врем
е не е за поезија
песната е прекратка преврска да го обвие срцето

Превод од романски јазик Димо Димчев