Дуо Дуо – МИСЛЕЈЌИ ЗА ОВОЈ ЗБОР

Ова мислење, исполнето и испразнето
Оваа смисла, овој рудник на волшепства,
Оваа сила што доаѓа од жилата јаглен
Крвта што понира во земјата
Сливот од којшто луѓето се излеваат
Само стисокот на левата рака, само оставената таму дупка
Мисла за оваа смрт, без да знаеш како да умреш
Во песокот, закопан е исправен ‘рбет
А на рамениците лежат градежни терени и гробишта
Под настрешницата, пак, смртта е премногу изложена
Погребот испушта сила
Во минатото на јамата вложен е кредитот на времето
Во средината се претсмртните
Нешта, немир среде тишината
Врз изградената земја, врз новоподигнатата дивина
Озгора стои историјата, горе каде нема луѓе
И во нејзината сигурност
Нема никакви наши побуди
Да ја набљудуваме, но во набљудувањето
Ние делумно можеме да ја вратиме
Ова е заедничко ветување на плевелта од предградијата.

2007
Превод од кинески јазик Игор Радев

mk_MKMK