Ердал Алова – СВЕТИЛИШТЕ НА ГРЕШНИЦИТЕ

Еве тука сме
Засолнети во оваа туѓа земја
Оставајќи тoлку непослушници, отворени мориња
Расправии што немаат крај
во ова темно светилиште
Ние, должниците
Морекрадци, политичари
Што никогаш не се сретнале со Господ
Ловци на народот, бегалци од законот,
Од тирании , од страшни закони,
Засолнети овде
Раскажуваме приказни
Зад ѕидовите отпорни на законот
Мајсторството при грабежи, незамисливи заговори
Пред вџашениот поглед на свештеникот
Повредувајќи се еден со друг
Секој ден сè повеќе збеснувајќи
Под закрилата на Државата
Со нашето валкано минато
Ние, исчезнатите
Во засолништето на недопирливите криминали
Немавме Господ за да се молиме !