Се загледувам во витрините
во одразот на моето тело
на стаклото
и врз ванилиците си се гледам дебел и уморен.
И помислувам на пријателите со кои не сме се виделе
и што ли би знаеле тие за ова ветво срце
во кое веќе не собира ни еден сантим од светот?
И кога не се препознаваш ни во чекорот на син ти, ни в огледало
и преку глава ти е да избегнуваш лоши знаци
и го гледаш оддалеку сјајот на твоите порази
нејасното и непознатото.
Молчам: мојата тишина го дофаќа тоа тело кое не го разбирам,
ги чистам дамките во срцето од неговиот последен пожар.
И сè уште сум туѓинец во таа витрина,
дебел и уморен
а зад мене
некои сенки, лица на мртви дедовци и баби
стриковци и стрини врз некои ванилици.
Превод од шпански јазик Никола Ѓелинчески