Франка Манчинели – ***

престанувам да плачам само
кога моторот е вклучен:
сликите си течат, а јас ги затворам очите
на седиштето одзади додека возиш
по патеките низ брдото каде што небото
со блесок ги пробива лисјата.
Не давај ми да те забележам, не кажувај ми
дека бегството се затворило во кругот,
не давај ми го овој запрен свет
на варосани и закачени ствари

остави ме како далечна мачка
на свиокот, на работ од патот
каде што се отвораат долини
со лозја и маслинки и каде што
не го наоѓам домот.
*
Колку ли многу трпелива, упорна љубов
има во твоето движење на чекори
напред и назад во собата, додека
со раката и коленото се преправаш
дека ја ублажуваш лулката
на правливиот пат

како што светот се ниша и како што
стварите одново треперат, исто
така, и јас ќе бидам во мрак.