Џорџ Марио Анхел Кинтеро – ЕДЕН ЛИСТ ЛЕЖИ ВО СФЕРАТА НА ОКОТО

Лесни се неговите илјадници зеленила што се движат во месото на телото. Нежно лежи во окото, полесно од скокоткање, иако неговиот збор се врти те ваму те таму од ѕид до ѕид. Зедов сликарско ноже па зедов го притиснав работ и ја излижав неговата математика за да го најдам зборчето те молам кое се превртува на крајот од фразата небаре црвен лист те молам. Носејќи го ветрецот, една вена трепери во безтежинското скриено. Ги ископав запчаниците за вид, ја одлупив леќата, листот падна врз тепихот, те молам, падни, те молам, листот никогаш не бил во окото те молам.
Иако тепих од лисје не беше доволен. Тихиот лист за миг се задржува, оддуван се‘ погоре во цевката со секој збор. Црвениот мурал и неговата текстура даваат одговор, златните кругови околу главите од неподвижни фигури. Така кружеше листот пчела, молејќи околу ангелите.
 
Превод: Никола Ѓелинчески