Ги Гофет – I

Ако си дојден да останеш, вели таа, не зборувај.
Доволни се дождот и ветрот врз ќерамидите,
доволен е молкот што покуќнината го напластува
како таа прав што паѓа со векови откога ти си заминат.
Не зборувај сѐ уште. Слушај го она што беше
острица во моето тело: секој чекор, смеа во далечина,
лаење на песот, вратата што тропа
и тој воз што без престан минува
врз моите коски. Остани без зборови: нема
што да се рече. Остави го дождот да стане одново дожд
а ветрот тој прилив под ќерамидите, остави го
песот да го извикува своето име во ноќта, вратата
да тропа, непознатиот да заминува во непознатото
каде што ќе умрам. Остани ако си дошол да останеш.

Превод од француски јазик Влада Урошевиќ