Јоргос Јанопулос – ПЕВОТ НА ИСЕЛЕНИКОТ

Тоа не Харон 
што ги реди утробите една до друга
тоа е попладнево
на плоштадот
тоа е гласот од кој нема бегање
а пристигна преку жица
и очите
на иселеникот
руина плод што носи
во Новата Земја
 
Препев од француски јазик: Владимир Мартиновски