Гордана Михаилова Бошнакоска – ТАЈНИТЕ НА ФИОКИТЕ

на Влада Урошевиќ
 
Писателот пред да ти ја даде
најновата книга-романот
со посвета на предната страница,
некаде внатре во неговата длабочина
прави поправка на лекторската
инаквост што „тетките“
стануваат „тетратките“
и така се губи суштината
на писателот.
 
Тетките и тетратките
стануваат некои други земји
означени преку марките 
таму островите ги голтаат океаните
градовите ги сравнуваат со земја
воздушните чудовишта.
 
Доаѓаат тетките:
„немој да буричкаш по фиоките“
и бргу ги затвораат,
а писателот си ги спасува
прстите пред налетот
од откриените тајни на тетките,
во нивните заталкани писма низ фиоките.