Хабиб Тенгур – ЦЕЗУРА – V

Нема ништо. Да се обнови ли искуството? Болката губи секаква материјалност. Кога кампот се растура срцето се стега. Окото се стеснува. Празен хоризонт.
Но, нема проблем! Телесните задоволства не се залудни. Тие ја осветлуваат душата како светилката на пустиникот…
Над Еуфрат, ветровите се расплетуваат за да те потсетат на ужасот на една света ноќ и на искрата на твоите лудости.
Евоцирањето сугерира неколку нејасни слики кои напаѓаат едно несигурно сеќавање. Со трпение, ти им даваш моќ на зборовите да ја испревртат основата на поемата за да пренесеш еден здив. Не е ни важно што дивите ѕверки не го напуштаат нивното дувло за да те дружат.

Превод од француски јазик Надица Николоска