Хабиб Тенгур – СЕНКИ 2

Сите овие мртви
чии имиња ќе бидат повикани во кругот
рацете испружени кон молитва за збогување
неволно
не се жалиме повеќе како порано
толку луѓе исчезнуваат секој ден што срцето
одбива да регистрира болка
таму ли е метаморфозата

Превод од француски јазик Надица Николоска