Хавива Педаја – БИТИЕ

Кога ќе дојдат да те земат немој да си изненаден
и не одовлекувај
оти силното липање предизвикува поплава
Не труди се да објасниш
Не им раскажувај
Во едно водоотпорно куферче
ќе ги пренесуваш водите од едно на друго место
и ќе растегнеш небесен свод помеѓу високите и ниските води
Никој не те прашува за твојот хаос, никој
не го интересира. Во оваа приказна на созданието ти си јалов.
Ти си човек. Ти си земја,
анонимна од третиот кат
до шестиот
капеш капки пот.
И имаше вечер и имаше мугра. Еден ден
и ова ќе помине.

Превод: Горјан Костоски