Хавива Педаја – ИЗВАДОЦИ ОД: КАДИШ И ПОЛАГАЊЕТО НА МАЈКА МИ
Ноќ по ноќ затвори си ги очите Ноќ по ноќ по пат кон тебе Врз бандерите за струја чавки демнат сред ладната ерусалимска ноќ Гракаат ноќ по ноќ вечен покој Уличните светла го растураат ладниот здив на устата до мразот викан солзи за мајката Раскини ја ризата сега Дојде во Бершева да умреш Се вратив во Ерусалим да те најдам Си дојдов во Ерусалим од каде бев прогонет И ти веќе закопана во мене. Туривам од сад во сад Се повлекувам од еден егзил во друг Тогаш дојдов во Ерусалим дојдов место тебе кога те немаше Дојдов во вечниот град кој ни е мајка на сите нас и во него слава и да се свети името Твое Дури сонцето свети врз врвовите од џамиите и куполите црковни те наоѓам пак Градот ме прима како невеста Не го чекорам Ерусалим, тебе те чекорам мајко * * * Ноќ по ноќ јас сум по пат кон тебе Ме остави наоружан со твоите три вечни витези штедрост очај и надеж Секоја вечер штом штедрост очај и надеж заспиваат тие се мостот што нè води кон денот кој доаѓа Сега сиот живот е ноќва и што ќе дојде после тоа е светлоста на седумте дена така е запишано слава и да се светат крилјата на Шекинах[1] замавтуваат и сега ми останува денот кој е ноќта за да одново во твојата смрт песната на моето раѓање да ја дешифрирам и пак ќе легнам и лулката на љубовта и отровот од мајка ми мајка ми кочијата на мојава душа и нејзините витези