Хила Лахав – МОЛИТВА

На колена
се раѓа од туркањево
молитвава:
не дозволувај да се задушам
не дозволувај да се задушам
дозволи да се задушам
се раѓам
од сопственово грло
еден Железен црв се раѓа
го задушувам
во грлово
еден црв во рајот
еден црв
во мојата
седма
уста
Имам околу триесетина причини да коленичам
и сите триесет таква ме обожаваат

Превод од англиски јазик Горјан Костовски