Хуан Октавио Пренс – ЧИСТА СМЕТКА

Ден плус е ден минус.
Односно
секој ден е плус
и секој ден е минус.
Затоа,
не постои собирање кое не се одзема,
не постои одземање кое не се собира.
Останува,
денот
чист како авантура.

Превод: Никола Ѓелинчески