Иван Добник – 1

над реката сè спие
врз птичјата кожа снежи
сè се движи
сè лизга со милионите ножиња преку рабовите на видното
смртта поминува оттука
нежна е и секојдневна
кажи ми најубава песна
подари ми највкусен бакнеж
никогаш не затворај очи
никогаш не слушај ја тагата
која река те напојува
која река те оджеднува
сите вселени разговараат со тебе
ги слушаш животните, се довикуваат во длабоката темнина
од дребните капки на зимата ми пишуваш
од деновите, кои не може да се сместат во пред тоа ниту во после тоа

Превод од словенечки јазик Дарко Спасов