Иван Добник – 3

каква е
помножената тишина во очите на животното пред умирање
библијата на воздухот и земјата, водата и огнот
отворена врз дланката на човекот кој залутал до твоите усни
и бранот
оној бран, што носи сончева пена на твоите очи
кога го правиш она што го прави водата
да тече, да не застанува, да бара излез и настојува
кон долго, спокојно едрење на јастребот со подзамижани капаци
за да се доближуваш кон телото, шумот на летото, на исправениот час пладне
за да се отвори врата, премин
за да се отвори неиспишаниот лист хартија
и бран, сосема тивок
бранот на дивината, оснеженото утро, мирисливото зеленило на пролетниот картоп
и потоа трската занишува
и ветрот со прстите увото го наслонува

Превод од словенечки јазик Дарко Спасов