Иван Добник – 8

чистата рака е чиста светлина
до болка задлабочен мрак
сè води отаде
во земјите на лебдечките дрвја, меѓу тисите и кедрите
сè попрецизно и распределено жарат белите габри, испреплетени во коренот
ги чуваат бреговите, за да не распаднат, го чуваат небото, за да не нè напушти
да не го напушти пла
чот
да не ги напушти здрвените коски
Болска дише
се напојува од птичјите клунови
изрезбарена висина од бестежинско време
издлабена вера – во Утопија, надвор од писмото
како силна желба, како жедна страст која ги негира бреговите – Мостот го преобразува во пролетен облак
по улиштата легнуваат среќни бумбари
меѓу гривите и спиралите на летниот здив

Превод од словенечки јазик Дарко Спасов