Иван Џепароски – СЕЌАВАЊЕ

На смртта се сеќавам
На смртта на телото
Дојдов за да умрам
Во телото
Дојдов за да се радувам
Во душата
Во духот
И во Едното
За да не умрам
Кога ќе умрам
Зашто веќе сум умрел
Кога не сум умрел
На смртта се сеќавам
На смртта на телото