Иван Џепароски – СЕЛАТА НА СВЕТА ГОРА

„Манастирите на Света Гора
се селата на света Богородица“.
Доментијан Хилендарецот
Колку се поголеми
градовите
од кои доаѓаме
на Света Гора
толку е поголема
нашата осаменост.
А тука нè дочекуваат
манастирите –
тие спокојни
села на Богородица,
тие цветни ливади
со расцутени дрвја.
Тие мирисни алеи
од монаси
кои стамено,
со молитвен мир,
пеат како
рајски птици.
Колку се поголеми
градовите
од кои доаѓаме
на Света Гора
толку е и поголема среќата
од средбата со небесните граѓани.

mk_MKMK