Џејкоб Поли – ВРАНАТА

Откако Каин го среди Авел
му ги одра ракавиците,
ги завитка цврсто
и ги фрли во воздух.
Токму тогаш тие поцрнеа со живот,
веќе фатени за грлото на ветрот.

Препев од англиски јазик: Зоран Анчевски