Јан Лауверајнс – СИТУАЦИЈА СО КАФЕ

Седењето надвор секогаш беше лоша идеја.
Пот почнуваше да капе од бакенбардите.
Тој, хирург со отворено срце, мораше да дознае
веднаш, Што е испораката?
Носталгија? Сингапур?

Сркајќи од дуплото еспресо.
Па, таа, музата, кликна на стрелката,
Воведниот алгоритам почна, Гледаме
модернизација, огромни чекори направени,
и додека зборуваме, таа се стаписа, некој
некаде сигурно веќе користи енергија од лет на бубачки.

Знаете, оние големите.
Децата ги сакаат,
а можат и многу да се корисни,
опремени со уреди за нано-снимање.
Мили малечки нула-нула-седумчиња, а?
Интересно, кимаше публиката,
Кофеинот веќе делува, или влагата.
Келнерот почна да се смее неконтролирано.
Експериментот заврши.

Превод: Ана Топенчарова