Јан Лауверајнс – СОНЧЕВО, ЈУГОЗАПАДЕН ВЕТЕР, 26O C

Режимот лаже цело време. Лажат дури и за времето.
Наеднаш да не зборуваат вистина можеби?
Кој кого бомбардираше?

Тогаш тој сврте од арапски на извештачен англиски
укажувајќи на сѐ поголемата загриженост
за шпанската економија.
Го фативме бикот за рогови, запелтечи премиерот.
Заштедите сега биле посигурни од кога било.
Еден хипстер финансиски советник проценил
дека е прашање само на време, нападите,
обезглавувањата.
Дали вашиот аналитичар ја има потребната курзивна длабочина
на идеи за инвестиции?
И додаде нова реченица
(нема да застанеме).
Откако нѐ застрелаа, почнаа да газат по нас,
и едниот маж му рече на другиот да провери дали
сме сите мртви. Мирот не се
имплементираше како што треба,
но на сите тоа им беше надвор од секаков сомнеж.

Превод: Ана Топенчарова

mk_MKMK