Како го создаваш светот и владееш со него?
застанати на рајскиот мост што броди, гледаа
во безформата долу, во недоумица
како да постапат.
На крај почнаа да мешаат, со копјето украсено
со скапоцени камења, мирисливата влага под мостот.
Капка капна од врвот, никна остров, палата,
разноразни рожби, море, ветер, дрвја,
но огнот ја жегна мајка му.
Таткото го обезглави детето и му дозволија
да си ја врати жена си од пеколот, ако вети дека нема да гледа.
Скина еден забец од чешелот, го запали место факел.
Осум змии се виеја во загниениот труп.
Таа се заколна во одмазда, мноштво убиства.
Тој во уште повеќе рожби.
Замислата на двајцата живее уште
Во белото јаже помеѓу карпите.
Превод: Ана Топенчарова