зборувам потскокнувајќи на една нога на
плочката * на моето срце и
зборовите се судираат како
коцките во раката на играчот
барикада од нозе и испреплетени раце
јас сум мешавина од осамени гласови
јас сум кафезот на боговите кои
спијат во длабочините на јазикот
опачината на избришаното
позадината на текстот
последната позната адреса на магиите
јас сум празниот плик кој патува
во потрага по пораката
што во своето сеќавање
ја крие еден непознат примач
Превод од француски јазик Надица Николоска
* Плочка – детска игра која се состои во цртање шаблон од квадратчиња со броеви од 1 до 8 на земјата. Потоа секој играч фрла плоснато камче погодувајќи ги полињата и скока со една нога до соодветното поле, го подигнува камчето и продолжува со скокање по полињата.