Јоаким Сарториус – ICE MEMORY

Мразот тече како вода. Во неговата длабочина
се зачувани старите климати, можеби
клуч за апокалипсата.
Од библијата ги знаеме потопот и страдањата.
осум илјади метри длабок е снегот на Платоновите денови.
Времето на сликарите од Ласко е на седумнаесет илјади.
Во мразот на Гренланд има вулкански пепел
од Кракатау, оловно загадување од старите
римски високи печки и од Монголија
издувана прашина. Има меурчиња
во секој слој, што известуваат за
минати атмосфери, ненадејни, карневалски
пресврти, зачувани со илјадници години.
И воопшто, огромното растојание ветува серија
вечности. Одблиску тоа е како луд
банџи-скокач да сака да слета врз раздрнкан
тобоган, полетувајќи многу брзо. Но нас
бездруго нѐ движи само едно прашање:
Каде е отпечатокот од нашите ситни, голи стапала?
Постои казнива шара со убава правилност:
зимскиот снег го погребува летниот.
Одредени санти мраз имаат запрепастувачки син сјај.
Тоа е поради густината на мразот, истапкан густо
од малечките стапала, појаснуваат експерти за глечерите.
 
Превод: Ксенија Чочкова