Јоаким Сарториус – ЈАДИЦИ И ОЧИ

Во морето на четири стаклени ракови
стоеше Фарос, чудо на светот.
Животните беа целите од стакло, 20 стапала длабоко во водата,
и толку големи што маж, дури и исправен,
не можеше да дофати ниедна штипалка, известуваат
согласно многумина. Па можеби е и така.
 
Од светилникот
не стигна ништо до нас, од стаклото на оклопите
и денес сјае морето. Ние веруваме во нив,
заради овој сјај, и во тоа дека пристаништето
се вбројувало меѓу зоните на екстравагантна градба.
Плановите за нова библиотека го потврдуваат тоа, раскошна,
со кули од железо и бакар под морската површина
и окно сѐ до Кипар. Потоа војната
со Пергам за папирус и книги испадна скапа
и подели многу нешта.
 
Многу илузии. Многу љубови.
Излегуваа како очи, напиша сентименталниот пријател
на поетот. Закотвувањето на ебечкиот кревет, бел како кала
(‘и вети ми дека ќе ми кажеш кога ќе се случи тоа‘)
заврши во парчиња, во црни траги од кочење
на кејот. И никаде укажување за тоа
што ги потсети усните и кожата, освен
во неговите стихови, што остануваат окупирани со себе,
и вознемирени, во ова време од ноќта.