Јоаким Сарториус – ВО КНИГАТА НА УНИШТУВАЊЕТО

Дека пекарите ги отстрануваат своите бели раце.
Дека месарите умираат пред животните.
Дека поетите имаат бескорисна уста,
што ја заоблуваат и ја развлекуваат.
Тоа е напишано во книгата на уништувањето.
Во неа не се впишани
издупчените подножја на скулптурите онаму
каде оловните постаменти навлегуваат во бронзата.
Дека низ окото што недостасува
се стигнуваше низ една дупка во черепот,
до таложењата во внатрешноста.
Дека алатките достигнуваа сѐ до градниот кош.
Дека таму најдоа топка
со големина на исушено срце.
Дека перничето за печати го изгуби своето мастило,
ја исцрни хартијата, ги проголта сите бои.
 
Превод од германски јазик: Ксенија Чочкова