Јоаким Сарториус – ЗАД АЛЕКСАНДРИСКАТА БИБЛИОТЕКА

На ѕидот од салата за билјард
сѐ уште дамка од косата на младиот маж
со колкови на акробат,
кого поетот го љубеше и чија
неверност ја сметаше за безначајна
колку Помпејовиот столб.
Љубомората беше петминутен кафен, преморен дожд
пред бисерната завеса, александриски
изблик на апатија во слабиот ветрец
над езерото Мареотис.
Чиј крокодил, сега мумија,
главната атракција на грч.-рим. музеј,
се истегнува на својот дрвен кревет,
гнило закоравен во кисел прав:
не вистински, но траен.