Жоао Луис Барето Гимараеш – СИЦИЛИЈА

Имаше маслинови дрвја
и смокви. Месина беше опсадена
од картагинските бродови
како што кафето наутро го опседнува
просторот на воздухот.
Имаше кајсии и бадеми. Во близината
на Сиракуза
(користејќи го сопственото тело)
Архимед докажа дека водата
е непотислива.
Ги сплотувавме дланките и стапалата.
Имаше лимони и кипариси.
Не знам дали сврши.

Превод од португалски јазик Наташа Сарџоска