Сето небо е наведнато. Жед непреодна. Да зборуваш на туѓ јазике ко да носиш позајмени алишта. Хелга го меша значењето на зборовите крај и крајолик(Каков вид човек би бил ти на друг јазик?) Ми покажуваш дека, понекогаш,овој мој жичен инструмент,гласилките,се раштимани. Во задното патио на јазикот,прозодијата ми се фаќаза фустанот. Ќе ти кажам нешто за моите проблеми со јазикот:постојат работи кои не можам да ги изговорам. Како кога те гледам седнат и гледам самостол –ceci n’est pas une chaise.Една камера обскура проектира во хемисферата. Да се изговори: ако песната е егзорцизам,промена на агрегатна состојба; некој хуморсе стврднува за да нé напушти. Таква е фонацијата, енталпијата[1]. Но сосема си во право:мојот изговор е далекуод задоволителен. (Ако престанам да ти гледам в забинема воопшто да разберам што велиш) Небото се смалува. Хелга курзивно се смее. А јас учам да разликувам меѓу брада и птицаоткако ќе одлетаако пробам да ја земамв раце. Превод: Никола Ѓелинчески