Јоланда Кастањо – ЛОГОПЕДИЈА

Остави да ти доврие чајот за да нé потсети кого љубиме.
Некое местенце на ќошето од твојата вилица
мора да може да ја дојде до есенцијата на бергамот.
 
Но цел живот нé мачат
проблемите со дикцијата
(Онаа негова „С“ која се вкоренува
во мојот копнеж да ја впијам).
А ти си толку палатален, толку граничен…
некоја сличност се крие под умниците.
 
Никогаш не ќе пораснеше богот на фонологијата
ако значењето не ја распрскаше
својата сперма врз виежите.
 
Моите гласилки стануваат јажиња
за оваа неминовна несреќа.
,,Г”-то то ќе заѕвони во мојот глотис
ко воз вон контрола кој се надеваме ќе закочи.
А твоето име
ми се лепи на непцето,
небаре причесна.
 
Не е лесно да се изговори earl grey.
Bonjour monsieur, дајте еден earl grey.

Но тоа што го сакам
 
не може да се изговори.
 
 
Превод: Никола Ѓелинчески