Јордан Даниловски – МЕСИЈА

Завлекуваш сенки
Темнина што ми се заканува
И Ветер
Кој само од Тебе се крева
И во Тебе престанува
Маглина Си
Шепоти разединети
Каде се коти
Мртва вода што подрива
Во мене навтасана
Те вдишувам
И од Тебе вдишан
Исполнувам празни лица
Движења насетени
Во кои сакам да знам
He што движам
Туку што задвижувам
Што од мене криеш
Во задвиженото
Жедно во водите
Кога се барам
И како
Доаѓањето свое
Да го разберам
Како свое
Или доаѓање на другите
Што ги исполнувам
Без да има
Моето исполнение
Суштина
Во која сум внесен
Или и Ти Оче
Милосен
Во моите страдања
Среде оваа пустина
Причината своја
Низ мене ја бараш