Јордан Даниловски – ПОЛНОЌ

Полноќ
Се јавува нешто што не е мое
A му припаѓам со секое јавување
И жена некоја по улицата се колеба
И темнината во бранови ја кине
Крикнувам зад прозорците
Во мојата соба што од крикови се крепи
Во овој Град завеан од тишината
И ликови неми насмевки заскитани
По ѕидините кобат
По улицата се колебам
Далеку е мојата соба
Пафтам со белите листови во мракот
И секоја честичка мрак за мене се лепи

* Од Еноховата Книга која датира околу 164 год. пред христијанската ера – Ен. LXXI, 11-14.