Жозеп Педралс – ПЕСНА НА ИЗГОВОРЕНИОТ КРИК

Дури и ако молкот ни е намерен договор,
искусувајќи ја целосната тишина,
ќе откриеме дека светот, небаре одговор,
ќе ни испрати саде ветрец лек.
Тишината е само еден гибел
во претераниот обеспокоен премет.
Бесполезно е кутијата да ја затвориш,
секогаш ќе остане капка далга:
И после сѐ, ако увото се помири
и слободно летне за да насети што има тука,
доброќудните бранови ќе ги засвири
и на морето звучната упорна поука.
И слушајќи ја вревата анестетичка
незамислива висока нејзина содржина,
в час, приказната атмосферска
ќе ја повлече главата навестувајќи ја замката:

Превод од каталонски јазик Наташа Сарџоска