Жозеп Педралс – ТРИ СОНЕТИ, 9

В око смртта му се врежа.
Оттогаш досега, мрачно болежлив,
неговиот поглед е од згмечени маслини мрежа:
црни, мртви, тмурни и снемоштени.
Ниту јачат повеќе! Ни копнеж по стража.
Стаклени речиси кршливи,
та и секоја солза се воздржа,
згмечени маслини суви, душа испостена.
Сите го чекаме денот, кога за’ржа
течението од маслинката исцедена
и болката закотвена длабоко кога с’ржа.
Ќе му ја лижеме и главата и ставата!
А дотогаш, смесо маслинова, ќе се кршиш и ломиш,
со маслинови голушки, наместо со покој очи да полниш!

Превод од каталонски јазик Наташа Сарџоска

mk_MKMK