Поети

Лауреат - 1991

Јосиф Бродски

Русија

Биографија

Pоден е во Санк Петербург на 24. 5. 1940 година, а починал во Њујорк, 28. 1. 1996 г. Руски поет, нобеловец. Со поезија и превод се занимава од 1963. Истата година бил обвинет за паразитизам, а неговите стихови биле опишани како мешавина од декаденција, песимизам, модернизам и чисто дрдорење. Поради тоа бил осуден на пет години прогонство и принудна работа, па по една година бил помилуван. Тогаш во повеќе земји се појавиле преводи од неговите песни, а на руски јазик во Њујорк излегла книгата Песни и поеми (1965). Потоа излегува и Станица во пустината (1970). Во 1976 во Америка ја објавил книгата Вид говор. Во 1987 добил Нобелова награда. Дела: Крај на прекрасната епоха, 1977; Уранија, 1987 и др. Најпозната есеистичка книга му е Помалку од едно, 1986.