Јосиф Бродски – Дел од говорот

¢ ¢ ¢
… и при зборот иднина глувци рој истрчуваат
од рускиот јазик и од вкусното парче
на помнењето загризуваат,
како од издупчено сирење залче.
По сиве овие зими сеедно е што
или кој во аголот стои зад завесите во осој,
и во мозокот не одекнува неземното до,
туку шушкањето нејзино. Животот, кој,
како подарен предмет, не се гледа во штрбел,
при секоја средба устата ја полни со гргот.
Од сиот човек ви останува дел
од говорот. Дел од говорот воопшто. Дел од говорот.
¢ ¢ ¢
Не дека со умот си летнав, но летово ме замори.
По кошула од комодата посегнувам, и денот си бега.
Камо среќа да е зима и снегот да ги стори
сиве градови и луѓе прекриени, но најпрвин тоа прилега
за зеленилово. Облечен би спиел или читал в немар
туѓа книга, дур остатоков од годинава,
како пес што избегал од слеп господар,
преку асфалтот на одредено место минува.
Слобода е кога го забораваш тирановото презиме и име,
а слинката во устата послатка ти е од алвата од
Шираз,
и иако мозокот ти е свиен како на овенон роговине,
од синото око не капнува ништо низ образ.