Јозеф Страка – ТУЃИ ЕГЗИЛИ 2

Пак гледаш, дека никаде не припаѓаш
трамвајот во индустриските пустини веќе пополека ја пушта темнината и дождливоста
и коментарите во фуснота изгледаат подалечни
во пустите маки на нечие докажување – изгледа сме крадци, или барем некои од нас
вознемирувања, чудни погледи настрана
на усните виси несогласување излегување на станицата Кабло
со грутче снег, што го напаѓа тилот
чекање друга линија и уште еден автобус конечно доаѓа обиколувањето на перифериите на Лидли и Кауфланди
на уморните Уморните
зад гробиштата, темнина на нивните очи
поминување околу големи згради на проневерите во тунелите на исчезнувачките маала
со бучна смеа на оние што се качуваат на другите станици
во туѓи егзили го градат сеќавањето на местата
да се минува по крстосниците на погледите од времето пред дваесет години и да се обидат да се придржуваат на нешто
пред пак да се распрсне во сиви кикотечки темнини

Превод од чешки јазик Драган Георгиевски