Јустина Баргиелска – КАФЕ СО СКРОТИТЕЛКА

Значи не си била никаде? Бев,
ама не никаде. Тоа можеше да биде Абхазија,
краината на првите букви, каде мажите
ставаат шини во ноќта, на ветрот, а потоа
се чудат. Во футролите чуваат слика
од таа розева со сино pin-up girl, другите
свети слики ги ставаат по ѕидовите.
Фрлаат со камења по гулабите, бесни
дека гулабот летнува и кружи, а потоа се враќа
кај себеси како ништо да не случило, не плашејќи се
дека повеќе нема да си се допадне. Тие се плитко
во кожата, потоа подлабоко во платното, а на крајот и
така доаѓа
таа pin-up, протресува и нема трага.
 
Превод: Ѕвонко Димоски

mk_MKMK