Јустина Баргиелска – ПОИНАКВА РУЖА

Родив неверојатно убава ќерка, нејзините заби,
нејзината коса се како од Песни над песните. И самата
се почуствував убава, благодарам. Но таа
е сосема поинаква убавина,
тоа е убавина, којашто сакам да ја штитам.
Кога би имала некаква своја убавина, би се срамела од неа,
всушност сигурно имам некоја убавина, момците
не би трчале по мене, ако ја немав,
но не ја сакам својата убавина, бидејќи момците
трчаат по неа. Убавината на мојата ќерка
е нешто поинакво. Убавината на мојата ќерка, така сметам,
е единствената надеж
за овој свет.
 
Превод: Звонко Димоски

mk_MKMK