Во долг летен ден косачките можат да работат од утро до мрак.
Можеш да се будиш и заспиваш со нивното брмчење,
со прикаска која не ја разбираш, но еднаш ќе мораш
да влезеш во таа појава. И тогаш збогум, свету чудесен,
во кој и бонбоната од анасон е похотна поради содржаноста
на буквата с.
Оттогаш доделеното си го носиш сам, не заменувајќи се, оти нема со кого.
Пеперутките и виножитата кои се појавуваат наеднаш
ги земаш за тоа што навистина се – најава на ненадејна смрт,
твојата и твоите за многу генерации на сите возможни страни.
Превод: Звонко Димоски