Прашувам дали го испратиле тој проклет труп,
или не. Ми пишуваат дека испратиле,
закаснувањето можело да биде предизвикано од времето
и да им напишам следната среда
дали сакам рекламација, дали друг труп во замена.
Самата не знам, имам време до среда
да размислам. Црвот го издал црвчето
и сега се витка, и во сон, и секаде.
А пак во светлото од прозорците на училишната библиотека
тоа изгледа како да моето дете се сторило камен
и ми вели: не плачи, жено, кога и јас не плачам.
Ама, затворете веќе, тука нема ништо за гледање.
Превод: Ѕвонко Димоски