Карен Меккарти Вулф – Птичарник за ситни птици

Љубовта ми е птичарник
за ситни птици,
и морам да научам
да ја оставам врата подотворена…

Ти ли си врапчето
кое слета штом седнав
на масата од шкрилец
дур марули шиев?

Вебс Вондер, Лоло
Росо, зелена сал…
Брзо и вешто
ти леташ и колвеш, колвеш

бодро како светлината која
е творец на твојот дух.
Да, ти траеше пократко и
од октомвринката на Неруда.

Ноќта лиеше дожд.
Собата се стори океан
каде нуркаат ластовички.
Меурчето пука

предвреме, прекасно, предолго:
секакви видови микроскопија
пливаат против водно, плутаат во
и низ летната луња.

Тенорот на твоето срце
е точен како нота од камертон
– и висок! Мојата љубов
е птицата која слободно лета.

mk_MKMK